На 12.09.2019, на барање на училишниот центар „Хелен Дорон“ од Струмица, во СВР Струмица е реализирана проектната активност „Јас на гости во полиција“, преку посета на 25 ученици заедно со своите наставнички.
Дечињата имаа можност преку импровизирана пешачка патека, поставени семафори и сообраќајни знаци во дворот на СВР Струмица, со помош на ученици вклучени во Училишните сообраќајни единици, да научат како да преминат преку пешачка патека.
Истовремено, преку подготвена презентација од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Струмица наменета за дечињата во предучилишна возраст, им беше овозможено поблиску да се запознаат со сообраќајните знаци, правила и прописи.
Децата добија и по еден примерок од „Сообраќајна лектира“, изготвен од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, со цел заедно со нивните родители да ги прочитаат содржините во неа наменети за подигање на сообраќајната свест кај најранливата и најризична целна група во сообраќајот – децата.