Оддел за форензички испитувања






Мисија

Мисијата на ОФИ е да обезбеди објективни и квалитетни резултати од испитувањата преку мултидисциплинарна примена на современи научно-технички методи кои ќе бидат прифатени од сите корисници на услуги.

Визија
Визијата на ОФИ е да обезбеди акредитирана форензичка служба, препознаена како независна, неутрална, ефикасна, навремена и професионално оспособена, усогласена со барањата на истрагата и истовремено ќе ги исполнува стандардите на современа форензичка институција.

Организациска поставеност

 

 

Акредитација

Од 2016 година во ОФИ и формално е воспоставен систем за управување со квалитет согласно барањата на меѓународниот стандард МКС EN ISO/IEC 17025:2006 “Општи барања за компетентност на лабораториите за тестирање и лабораториите за калибрирање“.

Во 2020 година, Одделот успешно го спроведе и процесот на транзиција на системот за управување со квалитет согласно барањата на новиот стандард МКС EN ISO/IEC 17025:2018.

Моменталниот опсег на акредитација на ОФИ вклучува методи од неколку лаборатории, и тоа: ДНК идентификација на лица, ДНК идентификација на траги, наркотични дроги, спорни документи, огнени оружја и балистика, предизвикување траги од папиларни линии, механоскопија, микро траги и дактилоскопија.

ЛИСТА НА АКРЕДИТИРАНИ МЕТОДИ

Лабораторија за биолошки испитувања и ДНК идентификација

Детекција на хумани генски локуси во траги од биолошко потекло

Лабораторија за регистрација и ДНК идентификација на лица

Хумана идентификација со детекција на генски локуси

Лабораторија за огнени оружја и балистика

Компаративна анализа на чаури

Компаративна анализа на проектили

Лабораторија за предизвикување траги од папиларни линии

Предизвикување траги од папиларни линии со цијаноакрилатни пареи

Предизвикување траги од папиларни линии со нинхидрин

Лабораторија за испитување спорни документи

Криминалистичко испитување на ракопис

Криминалистичко испитување на потпис

Лабораторија за дроги

Квалитативна анализа на амфетамин, метамфетамин и 3,4-метилендиокси-метамфетамин со гасна хроматографија-масена спектрометрија (GC/MS)

Лабораторија за микро-траги

Квалитативен колор тест за детектирање траги од олово со примена на хемиски реагенс натриум-родизонат (NaRho)

Квалитативен колор тест за детектирање траги од бакар со примена на хемиски реагенс дитиоаксамид (DTO)

Анализа на траги од испалување на оружје (иницијални честички со скенирачки електронски микроскоп со енергетско дисперзивен детектор)

Лабораторија за механички траги и моторни возила

Компаративна анализа на механички траги

Лабораторија за дактилоскопија

Вештачење на траги и отпечатоци од папиларни линии

 Деталниот преглед на опсегот на акредитација на ОФИ може да се преземе од Институтот за акредитација на РСМ.
 
 

 

Погледнете брошура за одделот (PDF)

Погледнете брошура за одделот (Flipbook)