СВР Битола учествува во сите кампањи предводени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата(РСБСП), па така и во оваа воспитно едукативната сообраќајна кампања предводена од РСБСП на РСМ „Безбедни деца во сообраќајот- за безбедна и сигурна иднина" од почетокот на учебната година се до завршувањето на првото полугодие. Учеството се состои преку одржување на многу едукативни предавања во основните училишта се со цел запознавање на дечињата првенствено првоодделенците се до четврто одделение со сообраќајната култура, правила и прописи,како безбедно да стигнат до училишните клупи, бидејки пред се децата се нашата иднина и најранлива група граѓани. Денеска СВР Битола и отсекот за превенција, РСБСП, како и претставници од Локалната самоуправа го посетија Основното училиште „Даме Груев" во Битола каде на првоодделенците им поделија боенки, на второодделенците сообраќајни лектири, а додека на трето и четвртоодделенците флуоресцентни елечиња.