Во рамките на планираните активности во период на започнувањето на новите првенства во фудбалските и кошаркарските лиги, вчера (22 август) во Полициската станица Гостивар се одржа состанок со претставниците на десет фудбалски и кошаркарски екипи од поширокото гостиварско подрачје.
На состанокот, кој претставува редовна превентивно-оперативна практика на Секторот за внатрешни работи Тетово од областа на јавниот ред и мир, претставниците од спортските екипи поблиску беа запознати со формите и начините за успешно и безбедно организирање на натпреварите, како треба да функционираат нивните редарски служби, како да ги координираат нивните навивачки групи и друго.
На состанокот, исто така, стана збор и за доследно придржување на Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари од клубовите, чии претставници се заложија за лична одговорност на секој кој ќе ги прекрши одредбите на овој Закон, клубовите да не се соочуваат со високи парични и други казни.