Во периодот од 19до 27 јули 2019 година, Секторот за внатрешниработи Охрид, на целото подрачје што гопокрива, ја спроведе превентивната кампања„ Соседска патрола“. Мешаните патроли составениод полициски службеници од одделениетоза превенција, родители, претставници наСоветот на родители во основните училишта,од секторот за образование при локалнитесамоуправи како и на Центарот за социјалниработи, во Охрид, Струга, Кичево и Дебар,во времето од 22 до 02 часот, извршија превентивнаобиколка на угостителските објекти какои местата на отворен простор каде, во ноќнитечасови најчесто се собираат и задржуваатмладите.
Целта на кампањатае, родителите да видат каде и како младитесе забавуваат во ноќните часови, каквисе условите каде што излегуваат, кои угостителскии други јавни места најчесто ги посетуваат,кои се можните проблеми со кои се соочуваати како полициските службеници практичноги применуваат своите полициски овластувања.
Целта на проектот„Мешани патроли“ е преку широка општественаакција да се зацврсти партнерскиот односмеѓу полицијата и граѓаните, да се придонесекон зголемување на степенот на безбедноста,да се намалат можните инциденти на местатакаде што се забавуваат младите, да сеподигне нивната општествена свест и совестза одговорно однесување во угостителскитеобјекти и на јавните места како и доследнода се почитуваат законските одредби предсе, од Законот за прекршоци против јавниотред и мир.