Министерот Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија Полицискиот Центар во ,, Ѓорче Петров,, каде што полициските службеници што беа селектирани и во моментов ја реализираат селективната обука за прием во Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка ги презентираа стекнатите професионални знаења.
,, Јас и моите соработници, свесни за важноста и императивите за динамично реформирање на полицијата и нејзина трансформација во вистински сервис на граѓаните, во современа исклучиво професионална институција согласно сите модерни и во светот признати стандарди на полициското работење, ќе сториме се во рамки на законските и финансиски можности да ви овозможиме што е можно поквалитетни предуслови за работа,, рече министерот Спасовски пред полициските службеници.
Министерот Спасовски информираше дека во тек е набавка на комплет униформа за припадниците на овие две единици, спортска униформа за трите единици во Одделот и десет специјални возила
за воспоставување на Јавен ред и мир за ЕБР И ПЕП .
,,На вас, останува - своето знаење, вештини, професионална етичност и
интегритет да ги вложите во името на сопствените амбиции но и во името на
законите - со цел заедно да изградиме
полиција со којашто ќе се гордеат граѓаните,, .