Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретна со Амбасадорката на Украина во Република Македонија Наталија Задорожњук .
На средбата беа потврдени пријателските односи, довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави, како и соработка во голем број области од заемен интерес. Соговорниците разговараа за продлабочување на досегашната меѓусебна соработка, особено во областите на миграцијата, организираниот криминал и корупцијата, тероризмот, како и борбата против екстремизмот и насилниот радикализам.