Со донација на прехранбени артикли Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ја поддржа акцијата на Амбасадата на САД за дарување на крв и храна, што се одржа денеска. Во име на министерството донацијата ја однесе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а делегацијата од МВР учествуваше и во акцијата за дарување крв.
Акцијата се организира како сеќавање на жртвите и почит кон сите оние што помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември 2001 година, а има за цел да помогне за дополнување на резервите од крв на Црвениот крст.