17 септември 2018

Министерот Спасовски во посета на ПС Берово и локалната самоуправа во Берово

 Во рамки на денешната посета на полициската станица Берово разговаравме со вработените околу условите за работа, за состојбата на безбедносен план и добро е што имаме мирна и стабилна безбедносна состојба во Берово, рече министерот Спасовски по денешната посета на ПС Берово и локалната самоуправа. ,,Имаме добра пополнетост на полициската станица со полициски службеници, стапката на криминалитетот е во опаѓање , а имаме зголемување во делот на ефикасноста на работењето на полицијата и тоа треба да продолжи како тренд и понатаму се со цел граѓаните да бидат сигурни и безбедни - рече министерот Спасовски.

На средбата со градоначалникот на Берово Звонко Пекевски и со претседателот на советот се разговараше за сите прашања кои што се од взаемен интерес за обновувањето на врската помеѓу граѓаните и полицијата се разговараше за битни прашања за граѓаните на општина Берово во делот на сообраќајот, кои што треба заеднички во наредниов период да ги решаваат МВР и локалната самоуправа.