Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги посети Полициското одделение во Арачиново и локалната самоуправа, каде оствари средба со градоначалничката на Арачиново Миликије Халими.
Раководството на полициското одделение информираше дека безбедносната состојба е стабилна, а на средбата се разговараше и за мерките со кои ќе се подобрат условите за работа во ова полициско одделение. Министерот Спасовски потенцира дека врвен приоритет е токму подобрувањето на условите за работа во полициските станици,на што веќе една година се работи, но и набавка на потребната опрема за полициските службеници.
Министерот Спасовски оствари средба и со градоначалничката Халими, на која разговараа за прашањата кои се од заеднички интерес на полицијата и локалната самоуправа, пред се во делот на сообраќајот и зачувувањето на јавниот ред и мир.