Денеска (07.02.2018) во Министерството за внатрешни работи беше потпишан договор за соработка помеѓу Факултетот за правни науки при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе - Битола, Република Македонија и Министерството за внатрешни работи. Договорот за соработка го потпишаа деканот на Факултетот за правни науки, проф. д-р. Александар Илиевски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и Факултетот за правни науки ќе се остварува преку изведување на практична клиничка настава за студентите на Факултетот во секторите за внатрешни работи и организациските единици во Министерството.
Соработката, исто така, ќе се остварува и преку организирање на заеднички конференции, работилници, со користење на заедничките ресурси, како и преку организирање на заеднички обуки.