09 април 2015

СООБРАЌАЈ ОХРИД

 На подрачјето на градот Охрид, со поддршка на локалната самоуправа Охрид- одделение за образование, во соработка на Јавна Установа Дестка Градинка ЈУДГ„Јасна Ристеска“ Охрид и СВР Охрид - Отсек за превенција е испланиран и се спроведува проект под работен наслов „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“ во врска со проектот изготвена е боенка со едукативна содржина под наслов „Мојот пријател полицаец“  издадена преку „ЕДУКА МАК“,Скопје.  Целна група на проектот се децата од 5-6 годишна возраст како и децата во целодневниот престој.

Проектот отпоча на ден 25.04.2014 год. во 10 ч. со  посета на полцисики службеници  од ПС ОН Охрид и ПС БПС Охрид во градинката „Јасна Ристеска“  во тој период децата  имаа активнoсти за изготвување на цртежи и изработка на макети со полициска тема а посетата на полициските службеници да им даде поттик во натамошната работа.
На ден 02.05.2014 год. од страна на децата беше посетена Полициската Станица за Граничен Надзор „Охридско Езеро“  а пред влезот  беа изложени полициски возила на ПС ОН Охрид, комбето од групата за интервенции, ПМВ „Јети“ и полициски велосипед.
На ден 07.05.2014 год. од страна на ЈУДГ„Јасна Ристеска„ беше организирана свечена приредба по повод денот на полицијата на која приредба беше  промовирана боенката „Мојот пријател полицаец“. На представата присутвуваше г-ѓа Гордана Коњаноска- претседавач  на Совет на општина Охрид УПС од ПС ОН Охрид, РЦ Запад, како и голем број на родители, и други јавни личности од градот.
Проектот продолжува со организирање на посети и во останатите објекти кои се под надлежност на  градинката „Јасна Ристеска“ Охрид.