Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Чешка Н.Е. Мирослав Томан.
Министерот Спасовски му посака успешна работа на амбасадорот Томан и изрази надеж дека ќе продолжи успешната соработка меѓу двете држави, а Република Македонија наскоро ќе направи прогрес во процесот за интеграција во Европската унија и НАТО.
Амбасадорот Томан потенцира дека Република Чешка ја поддржува Република Македонија и ќе настојува да се продлабочи соработката меѓу двете земји и особено меѓу двете министерства за внатрешни работи.
Министерот Спасовски се заблагодари за досегашната помош од Владата на Република Чешка, а на средбата беше договорено делегација на чешкото министерство за внатрешни работи да го посети македонското МВР и во комуникација со своите колеги да ги договорат конкретните начини на натамошна соработка.