05 октомври 2017

Средба Спасовски-Тoскас

 Денеска на маргините на Втората министерска средба на министрите за внатрешни работи, надворешни работи и економија на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија што се одржува во Солун, министерот Оливер Спасовски се сретна со Никос Тоскас, алтернативен министер за внатрешни работи надлежен за јавниот ред.

Двајцата соговорници разговараа за соработката на двете министерства во справувањето со безбедносните предизвици, со посебен акцент на проблемот со мигрантите. Спасовски и Таскас разговараа и за можностите за соработка во справувањето со проблемите со тероризмот и радикализацијата.