Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Бугарија Н.Е. Иван Петков.
На средбата министерот Спасовски и амбасадорот Петков ги потенцираа одличните односи меѓу двете земји и особено соработката меѓу полициите од двете држави. Министерот Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Петков за помошта од Република Бугарија во периодот кога нашата држава се справуваше со проблемот со пожарите.
Соговорниците на денешната средба ја потенцираа и потребата од соработка меѓу државите за надминување на заканите на глобално ниво, пред се околу борбата против тероризмот и насилниот радикализам, како и борбата против корупцијата, трговијата со луѓе и проблемот со мигрантите.