31 август 2017

Министерот Спасовски во посета на СВР Скопје

                                                  

 

 

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети СВР Скопје во склоп на посетите кои се реализираат во секторите за внатрешни  работи во државата, со цел одблиску да се запознае со моменталните состојби и проблемите со кои се соочуваат.

- Полицијата мора да биде сервис на граѓаните и да се справува со сите предизвици што ги имаме. Таквите предизвици се најмногу во градот Скопје и затоа е многу важно каква ќе биде функционалноста на СВР Скопје. Безбедносната состојба во градот е стабилна и има тенденција на намалување на криминалитетот-рече министерот Спасовски во изјавата за медиумите дадена по посетата на СВР Скопје.

Тој информираше дека со претставниците на СВР Скопје се разговарало околу нарушувањето на јавниот ред и мир, намалувањето на кривичните дела и особено околу безбедноста во сообраќајот.

-Од исклучителна важност е и граѓаните на Скопје да соработуваат со полицијата - рече министерот Спасовски.

Министерот најави дека во наредниот период ќе бидат направени повеќе реформи и активности на терен, затоа што присуството на полицијата на улиците гарантира и поголема безбедност.