Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Италија Н.Е. Карло Ромео.
Амбасадорот Ромео му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа, а понуди и помош за реформите во Министерството за внатрешни работи. Амбасадорот Ромео ја потенцира важноста од добрата соработка на полициите од двете земји во областа на перењето пари, финансирање тероризам и трговијата со дрога, а особено за проблемот со мигрантите.
Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и досегашната соработка со Република Италија и изрази уверување дека таа соработка ќе биде уште посодржајна. Тој потенцира дека клучен приоритет е целосна реформа на полицијата, а во овој процес ќе биде добредојдена и помошта од пријателските земји. Според него, соработката со пријателските земји е многу важна и во справувањето со предизвиците како тероризмот, трговијата со дрога и особено проблемот со мигрантите, што може во секој момент да добие на интензитет.