12 јуни 2017

Средба на министерот Спасовски со Шефот на Канцеларијата за врски на НАТО

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со Шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, морнаричкиот капетан Горазд Бартол.

Г-динот Бартол му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа, а понуди и помош за реформите во Министерството за внатрешни работи.

Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и изрази надеж дека соработката со НАТО ќе се зголеми, за остварување на клучниот приоритет на Република Македонија- членство во НАТО и Европската унија. Министерот Спасовски ја потенцира решеноста за спроведување на реформи во Министерството за внатрешни работи, за тоа да се департизира и декриминализира и да им се даде можност на професионалците да си ја вршат својата работа.