30 март 2015

БЕЗБЕДНИ МАТУРСКИ ПРОСЛАВИ

Проектот „ Безбедни матурски прослави“ е проект кој се реализира по втор пат од страна на Одделението за превенција. Целна група на овој проект се учениците – матуранти кои од наша страна се информираат и едуцираат за тоа како да се заштитат и да не дозволат да станат жртви или пак сторители на инкриминирани дејанија. За имплементација на проектот беа обезбедени 8000 флаери со едукативна содржина и извадоци од законската регулатива. Проектот беше реализиран во сите средни училишта на подрачје на Скопје, со што беа опфатени околу 7000 средношколци.