21 февруари 2025

Превентивни активности на СВР Штип

Денеска (21.02.) од страна на полициски службеници од ПС за БПС Штип во централно градско подрачје во Штип беше реализирана превентивна активност на тема - „Сите ние сме пешаци“. За време на превентивната активност на граѓаните учесници во сообраќајот како и пешаци им беа делени и летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП а поврзани со важноста за почитување на сообраќајните правила и прописи.

Исто така и во село Злетово беше реализирана превентивна активност од страна на полициски службеници од ОВР Пробиштип. Во рамки на активноста посветена на заштитата од кражби од домови и станови, на граѓаните им беа давани практични совети и укажувања како да постапуваат, односно како да ги заштитат своите домови и објекти од кражби. Покрај ова беше реализирана и активност и во делот на сообраќајот под мотото „Не вози додека пиеш“, при што на учесниците во сообраќајот им беше укажувано за штетните последици кој го има алкохолот при управување со моторно возило, како и законски предвидените санкции за управување под дејство на алкохол.