Денеска (21.02.), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе превентивни активност од областа на безбедноста на сообраќајот поврзани со користењето сигурносни појаси и недозволеното зборување на мобилен телефон. Активностите беа спроведени на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Центар, поточно кај „Порта Македонија“.
Притоа, преку едукативни укажувања, полициските службеници ги информираа возачите околу законските норми, нагласувајќи ја неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи. Исто така, на учесниците во сообраќајот им беа делени едукативни печатени материјали изработени со поддршка од РСБСП.
Денеска, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициски службеници од Полоициската станица од општа надлежност Драчево во ООУ „Марко Цепенков“ во општина Зелениково со ученици од ова училиште реализираше едукативни работилници на тема „Семејно насилство“ и „Трговија со луѓе“.