Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска (20.02.) во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ на подрачје на Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров, реализираше едукативно превентивна активнос на тема - „Правилата и прописите во сообраќајот за малите пешаци“ со учениците од трето одделение. Притоа на работилниците преку наменски подготвена презентација децата беа запознаени со сообраќајните правила и прописи, а во насока на градење квалитетна сообраќајна култура, но и градење на доверба меѓу учениците и полицијата преку развивање на меѓусебната соработка. На учениците им беше поделен и едукативен материјал – прирачници за малите пешаци. Исто така во соработка со полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари едукативна работилница беше реализирана и во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ а посветено на темата - „Насилство преку социјални мрежи“.
Инаку и денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамки на континуираната соработка со РСБСП спроведе сообраќајно превентивн активност под мотото „Стави појас“, „Не зборувај на мобилен додека возиш“, и „Зимска кампања“. Активностите се спроведоа на подрачјето на ПСОН Центар, односно кај Фонтаната пред Градскиот парк, каде што полициските службеници преку едукативно-информативен пристап ги запознаваа учесниците во сообраќајот со законските норми во поглед на носењето на сигурносни појаси, некористењето на мобилен телефон при возење и задолжително поседување на зимска опрема за возилата. На граѓаните им беа делени и печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со РСБСП.