20 февруари 2025

Превентивна активност на СВР Охрид

Вчера (19.02.), Отсекот за превенција при СВР Охрид, во основното општинско училиште „Братсво - единство“ во Охрид реализира едукативни предавања со учениците од прво одделение. 

Полициските службеници, низ интерактивен пристап, ги запознаваа најмладите за основните поими и значење од областа на сообраќајот, за потребата од безбедно учество во сообраќајот, за почитување на сообраќајните правила и прописи, за безбедно преминување преку коловозна лента, строго користење тротоари и пешачки премини како и за други базични сообраќајни поими. 
Целта на кампањата беше насочена кон стекнување основни сознанија за сообраќајот и сообраќајната безбедност а со тоа и развивање на безбедносна култура кај најмладите.