20 февруари 2025

Низа превентивни активности на подрачје на СВР Штип

Денеска (20.02.) полициски службеници од ОВР Кочани на локации во близина на Градскиот пазар во Кочани спроведоа превентивна активност насловена како - „Обезбеди го својот дом“. Целта на активноста беше да им се укаже на граѓаните како заедно со помош на полицијата може да се постигне поголема сигурност. Беа споделени совети и корисни информации за граѓаните на кој начин и како да се превенира, односно да ги заштитат своите домови.

И во Берово, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Берово денеска реализираа превентивна активност на тема – „Не користи мобилен телефон додека возиш“ на влезот од градот.
Имајќи ја предвид потребата од зајакнување и зголемување на сообраќајната култура и почитување на сообраќајните правила и прописи полициските службеници преку непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот укажуваа за опасноста од користење на мобилен телефон за време на управување со моторно возило. На возачите, истовремено, им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен од РСБСП , а се со цел превенција и заштита од оваа појава и воедно зголемување на свеста на учесниците во сообраќајот во интерес на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Инаку, денеска и од страна на Отсекот за превенција при СВР Штип беше реализирана едукативна работилница во рамки на проектот „Скриеното лице на насилството” со студенти од Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев” од Штип. Притоа, со студентите се дебатираше за формите на насилствата и нивното препознавање со цел поголема безбедност во училиштата и надвор од нив.