Утре (петок, 21.02.2025), со почеток од 10.00 во х.Холидеј Ин во сала Милениум 1 ќе се одржи Јавна трибина за измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоци за проектот „Безбеден град“.
Изјави за медиумите во 11.00 часот ќе дадат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за правда Игор Филков и постојаниот претставник на УНДП во земјата, Армен Григорјан.
Ги покануваме медиумите да го проследат настанот.