19 февруари 2025

Превентивни активности на СВР Штип

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Штип денеска (19.02.) на повеќе локации во Штип и Пробиштип, преку непосредни средби и разговори со граѓаните, спроведе превентивно едукативна кампања на темата „Има помош за живот без насилство“. Полициските службеници поделија и едукативно-информативни печатени материјали, притоа особено потенцирајќи ја неопходноста од соработка со полицијата, пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатниот телефонски броj 112. Идентична активност беше реализирана и во Виница од страна на полициски службеници при ОВР Виница.

Покрај ова, денеска и полициски службеници од ПС за БПС Штип на периферијата на град Штип, поточно улицата „Брегалничка“, спроведоа едукативна активност од областа на сообраќајната безбедност под мото „Биди паметен, не заборавај - стави појас“. На возачите им беше укажувано за предноста од користење на сигурносни појаси, како заради лична безбедност така и заради заштита на другите учесници во сообраќајот. 
И Отсекот за превенција од ОВР Свети Николе спроведе едукативна активност, односно тематска презентација за ученици- средношколци од трета и четврта година од СОУ „Кочо Рацин“ -земјоделска насока. Тема на предавањето беше -трговија со луѓе и илегална миграција, а од страна на полициските службеници на учениците преку практични примери и соодветен материјал им беа објаснети сите важни аспекти од овие криминални форми на делување и како да се заштитат од нив.