18 февруари 2025

Превентивна акција на БПС Ресен


Денеска (18.02.2025) од страна на полициски службеници од Полициско одделение за БПС Ресен во соработка со локални угостители од Ресен а во врска со оперативната акција „Безбеден сообраќај” спроведена е превентивна активност со поставување на самолепливи флаери на влезните врати во угостителските објекти со содржина „вози трезен стигни жив”. Наведената активност е реализирана со цел подигнување на јавната свест и укажување на возачите на штетните влијанија на алкохолот при управување со возила во сообраќајот. Превентивните активности ќе следуваат и во иднина се до постигнување на главната цел а тоа е “нула сообраќајни незгоди на патиштата”.

Активноста е реализирана од страна на полициски службеници од Полициското одделение за БПС Ресен.