17 февруари 2025

Превентивна активност на СВР Битола за побезбеден сообраќај

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола и Отсекот за превенција при СВР Битола денеска (17.02.) во детската градинка „Пролет“ во Битола, одржаа превентивна активност со најмалите учесници во сообраќајот за нивно запознавање и едукација околу основните собраќајните правила и прописи.

Полициските службеници ги запознаа децата со сообраќајните правила, односно сообраќајните знаци со порака дека со нивното почитување сите придонесуваме за побезбеден сообраќај. СВР Битола и во наредниот период ќе продолжи со слични активности, со цел подигнување на сообраќајната култура и свест.