17 февруари 2025

Превентивна активност на СВР Штип за заштита од сајбер насилство

Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Штип денеска (17.02.) реализираа едукативно предавање во општинското основно училиште „Димитар Влахов“ во Штип, а тематски посветено на „Превенција од сајбер насилство“. 

Во текот на предавањето беа презентирани две инаку блиски тематски подрачја и тоа „Сајбер булинг во училиштата“ и „Користење безбеден интернет“.
Основна цел на едукативните работилници беше информирање и запознавање на учениците како да се детектираат, односно препознаат ваквите девијантни појави и да се подигне свеста и безбедносната култура во насока на благовремена превенција и заштита, како и запознавање со надлежностите на МВР во насока на сузбивање на овие појави.