Викендов, Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид и Струга, ја реализираше едукативно-превентивната кампања „Не пиј ако возиш-ако пиеш не вози“. Целта на кампањата е подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот, а пред се кај возачите, што ќе придонесе за повисока безбедност во сообраќајот.
Притоа, полициските службеници од Отсекот за превенција, во соработка со полициските станици за безбедност во сообраќајот на патиштата и полициските станици од општа надлежност, поставија повеќе сообраќајни пунктови во градот и приградските населби каде, на возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот, низ непосредна комуникација им укажуваа на доследно придржување кон правилата и прописите во сообраќајот, почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација, исклучиво придржување кон дозволената брзина на движење со моторни возила и некористење мобилни телефони во текот на возењето.
Посебно беше посочено дека, управување моторно возило под дејство на алкохол нема да биде толерирано и дека законските санкции, во такви случаи, ќе бидат доследно и неселективно применувани. На возачите на моторни возила, им беа поделени летоци и друг едукативен материјал, изработен во соработка со РСБСП, со низа практични совети кои водат кон јакнење на личната, но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.