14 февруари 2025

Превентивни активности на СВР Скопје

 

Денеска (14.02.), полициски службеници од СВР Скопје во соработка со РСБСП на територија на ПСОН Карпош реализираа активности од едукативно-превентивната кампања „Вози безбедно, вози со љубов", наменета за возачите. Целта на кампањата беше насочена кон подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот, а пред се кај возачите, што треба да придонесе за повисока безбедност во сообраќајот. Притоа, полициските службеници на возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот, низ непосредна комуникација и делење на летоци им укажуваа на потребата од доследно придржување кон правилата и прописите во сообраќајот.

Исто така, денеска, полициски службеници од СВР Скопје реализираа две едукативни работилници во ООУ „7 Март“ на тема „ Превенција од меѓуврсничко насилство – булинг“. Основна цел на работилниците е подобрувањето на севкупната и лична безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, намалување на сите облици на насилство помеѓу учениците и детектирање на безбедносни ризици, како и градење на доверба меѓу учениците и полицијата и развивање на меѓусебната соработка.