14 февруари 2025

„Вози безбедно- ако пиеш не вози“, превентивна активност на СВР Куманово

 

Денеска (14.02.) полициски службеници од СВР Куманово во Куманово, Крива Паланка и Старо Нагоричане, во соработка со РСБСП, реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „Вози безбедно- ако пиеш не вози“.

Целта на превентивната активност беше да се потсетат возачите да возат внимателно и да се грижат за сите учесници во сообраќајот, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. На граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП, со апел да не се управува со моторно возило доколку се консумира алкохол.