Денеска (14.02.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Штип во содејство со полициски службеници од ПС за БПС Штип и во соработка со РСБСП на повеќе локации во Штип беше спроведена едукативна кампања под мотото „Не пиј кога возиш“. Полициските службеници апелираа и им укажуваа на возачите на важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи, а воедно им беа делени летоци со едукативна содржина, а со цел зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот.
Инаку, на подрачјето во надлежност на СВР Штип, односно во Пробиштип, во Делчево и Свети Николе, полициски службеници од ОВР Пробиштип, ОВР Делчево и ОВР Свети Николе денеска реализираа превентивни активности исто така од областа на сообраќајната безбедност во рамки на кампањата „Не пиј додека возиш“, како и „Користи сигурносен појас“.
Покрај ова, денеска, Отсекот за превенција при СВР Штип во содејство со полициски службеници од ПСОН Штип, денеска на улицата „Сутјеска“, поточно во близина на Градскиот пазар во Штип, реализира превентивна активност за заштита од имотни деликти, пред се од џебни кражби. И во оваа прилика на граѓаните им беа делени летоци со едукативна соодржина и корисни совети за поголема безбедност на граѓаните и им беа давани корисни совети за заштита од имотните кривични дела (разбојништва, дрски кражби, кражби, измами и друго). На граѓаните особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата со брзо и точно пријавување на бесплатниот број 112. Идентична превентивна активност за заштита од имотни деликти реализираа и полициски службеници од ПО Македонска Каменица.