Отсекот за превенција при СВР Велес, денеска (14.02.) заедно со Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата - Кавадарци, на подрачје на Кавадарци, реализираа превентивна едукативна активност, со која на учесниците во сообраќајот им укажуваа за потребата од внимателно и одговорно учество во сообраќајот.
Полициските службеници укажуваа дека празниците се одличен момент за споделување на радост со блиските и саканите, но и дека е потребно совесно и одговорно учество во сообраќајот.