14 февруари 2025

„Не пиј кога возиш“, превентивна активност на СВР Струмица

 

Денеска (14.02.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица, заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица и од Полициските одделенија за безбедност на патниот сообраќај во Радовиш, Гевгелија и Валандово, на подрачјата на Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово спроведоа превентивни активности во рамки на кампањата „Не пиј кога возиш“.

Активноста беше реализирана во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Преку делење на летоци со едукативна содржина, полициските службеници ги потсетуваа возачите за потребата од одговорно учество во сообраќајот. Им укажуваа да не пијат алкохол доколку управуваат моторни возила, возилата да ги управуваат внимателно грижејќи се за сите учесници во сообраќајот и почитувајќи ги сообраќајните правила и прописи.