13 февруари 2025

„Не вози под дејство на алкохол“, превентивна активност на СВР Куманово

Денеска (13.02.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во централното градско подрачје во Куманово, реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „Не вози под дејство на алкохол“ 

 Целта на превентивната активност беше да се потсетат возачите да возат внимателно и да се грижат за сите учесници во сообраќајот, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Воедно, им беа поделени летоци со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила, изработени во соработка со РСБСП.