11 февруари 2025

„Не користи мобилен телефон додека возиш“, превентивна активност на СВР Штип

Денеска (11.02.) од страна на полициски службеници од ПС за БПС Штип на улицата „Железничка“ во Штип беше спроведена едукативна кампања под мото „Не користи мобилен телефон додека возиш“. Од страна на полициските службеници на возачите им беше укажано за опасноста и последиците кои ги предизвикува користењето на мобилниот телефон за време на возење, а вооедно беше нагласено дека е неопходно почитување на сообраќајните правила и прописи. Исто така, беше поделен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП, со цел зголемување на свеста на учесниците во сообраќајот.

Покрај ова, исто така денеска, и од страна на полициски службеници од ПО за БПС Берово беше спроведена превентивна активност од областа на сообраќајната безбедност, посветена на правилното паркирање. Целта на превентивната активност што се спроведе на локации во централното подрачје на Пехчево беше подигање на свеста кај учесниците во сообраќајот , подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата и предочување на учесниците во сообраќајот кои се последици можат да настанат со непрописно и несовесно паркирање на возилата.
 За време на превентивната активност на граѓаните им беа поделени летоци изработени во соработка со РСБСП, со цел нивно информирање и едуцирање.