Вчера (08.02.), Отсекот за превенција при СВР Штип, во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, на повеќе локации во Штип и на автопатот Штип - Миладиновци реализираа превентивно - едукативни активности од областа на безбедноста во сообраќајот. Во рамки на активностите, спроведени под мотото „Паркирај совесно - паркирај одговорно“ и „Стави појас”, полициските службеници ги потсетуваа и советуваа возачите за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, со корисни совети за поголема безбедност во сообраќајот. Воедно, на возачите им беа делени и летоци со едукативна содржина изработени со поддршка од РСБСП, а со цел зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот.
Покрај ова, вчера, полициски службеници за превенција и полициски службеници од Полициската станица Делчево реализираа превентивна активност на Градскиот пазар и на повеќе локации во Делчево во рамки на кампањата „Градиме пријателство - создаваме безбедност“, фокусирана на превенција од имотни деликти. Овие активности, со посебен акцент на превенција од џебни кражби, измами и провални кражби, беа реализирана преку непосредни средби со граѓани, особено со оние од повозрасните категории на кои им беше укажано и појаснето како да се заштитат од сторителите на ваквите кривични дела и што да преземат. На граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина.