Денеска (08.02.2025), Одделението за превенција при СВР Скопје постапуваше по планот „Превенција од имотни деликти“ и кампања „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, преку реализација на едукативно - превентивна активност на подрачјето на општина Гази Баба.
Основна цел на проектот е зголемување на самозаштита од тешки кражби од патнички моторни возила, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на присутните граѓани им беше укажано дека со применување на мерки за самозаштита ќе се превенираат последиците. Исто така, на граѓание им беа поделени летоци со едукативна содржина.