Во текот на вчерашниот ден (07.02.), полициски службеници за превенција и од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот на локации на булевар „Македонија“ во Делчево.
Притоа, на темата „Биди подготвен за безбедно патување во зима - користи зимска опрема“, полициските службеници на возачите – учесници во сообраќајот им укажуваа за законските обврски по однос на задолжителното поседување зимска опрема за возилата во периодот од 15 Ноември до 15 Март. Во рамки на активностите, исто така, на возачите им беа делени печатени материјали со едукативна содржина, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, за важноста и обврската за поседување на зимска опрема со цел зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.