07 февруари 2025

Превентивна активност на СВР Струмица за побезбеден сообраќај

Вчера (06.02.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица спроведоа едукативно предавање со учениците од второ, трето, четврто и петто одделение од основното општинско училиште „Маршал Тито“ во село Муртино, струмичко, а на тема „Безбедност во сообраќајот“, со посебен акцент околу сообраќајните правила важни за децата како учесници во сообраќајот.

Преку соодветни видео материјали учениците беа запознаени со основните сообраќајни поими, со сообраќајните знаци, со правилата и прописите со цел да се едуцираат како треба да се однесуваат како учесници во сообраќајот кога се пешаци или кога возат велосипед. Воедно децата беа запознаени и со задачата на полициските службеници, а им беше поделен и едукативен материјал изработен со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.