07 февруари 2025

Превентивна активност на РЦГР Југ

Денеска (07.02.) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи југ спроведоа превентивни активности во насока на превенција од пренесување, односно транспорт на илегални мигранти во товарни моторни возила.

За таа цел на трите гранични премини под надлежност на оваа организациона единица на МВР – „Богородица“, „Стар Дојран“ и “Меџитлија“, полициски службеници во непосредна комуникација со возачи на товарни моторни возила на влез и излез од РСМ укажуваа на можностите од несакан транспорт на мигранти, за начините како да се детектираат и пријават таквите обиди. Воедно, полициските службеници на возачите им делеа и едукативни летоци.