06 февруари 2025

Превентивни активности на СВР Велес

 

Денеска (06.02.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, во домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско, за учениците од Основното општинско училиште „Даме Груев“ од Градско, реализираа едукативни предавања на темите - „Насилство во училиштата“, „Сајбер булинг“ и „Внимателност при користење на социјални мрежи“.

На предавањето, преку наменски подготвени презентации, учениците беа запознаени со формите на насилничко однесување, начините и методите за справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, како и околу последиците од девијантното однесување. Воедно, на децата им беше укажувано на поголема внимателност при користењето на социјалните мрежи, односно неприфаќање на било какви постирани предизвици, кои може да им наштетат.