06 февруари 2025

Едукативни работилници на СВР Охрид

 

Вчера (05.02.), полициски службеници од полициската станица од општа надлежност Кичево, во основното училиште „Санде Штерјоски“ во Кичево, одржаа едукативни работилници на тема ,,Булинг и сајбер булинг“.

Притоа, полициските службеници низ интерактивна комуникација со учениците од деветто одделение, ги објаснуваа појавните форми на овие асоцијални и девијантни појави, кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците, со посебен акцент на начините за препознавање, избегнување, пријавување на истите, како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби за сторителите.