05 февруари 2025

Едукативни работилници на СВР Скопје

Денеска (05.02.2025) Одделението за превенција при СВР Скопје реализираше едукативна работилница во ЈУГД „Весели цветови“ - клон Мимоза во Скопје, на која дечињата беа запознаени со улогата на полицискиот службеник, со сообраќајните знаци и основните сообраќајни правила и прописи, сето тоа прилагодено на нивната возраст.

Денеска, исто така, Одделението за превенција при СВР Скопје и полициски службеници од ПСОН „Гази Баба“ во ООУ „Његош“ и  ООУ „Крум Тошев“ реализираа две едукативни работилници со ученици од клубот за превенција, на тема „Превенција од насилство- меѓуврсничко насилство“. Едукативна работилница на истата тема беше реализирана и во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“, во координација со полициски службеници од ПО Шуто Оризари. Основна цел на едукативните работилници беше информирање на учениците како да се детектираат, односно препознаат ваквите девијантни појави и да се подигне свеста и безбедносната култура во насока на благовремена превенција.