03 февруари 2025

Превентивни активности на СВР Куманово

Денеска (03.02) на Градскиот плоштад во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово реализираа превентивна активност од областа на имотните деликти, а со цел на граѓаните да им укажат пред се на зачестените појави на измами во изминатиот период. 

Во непосредна комуникација со граѓаните, полициските службеници им укажуваа за начинот на кој се извршуваат измамите со наводни сообраќајни незгоди и како да се заштитат од истите. Исто така, полициските службеници апелираа на претпазливост, особено кај повозрасните лица, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги, и пред се - сите сомнителни случаи да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192. Овие превентивни активности ќе продолжат и во наредниот период.