31 јануари 2025

Превентивни активности на СВР Куманово за побезбеден сообраќај

Денеска (31.01.2025) полициски службеници од СВР Куманово во централните градски подрачја на Куманово, Крива Паланка и Кратово реализираа повеќе превентивни активности во рамки на кампањите „Носи зимска опрема“, ,,Не зборувај на мобилен телефон“ и „Стави појас“. Целта на превентивните активности беше да се потсетат граѓаните- учесници во сообраќајот за задолжителната обврска за користење на појас, а од страна на полициските службеници на возачите им беше укажано и на законската обврска за поседување на зимска опрема која започна на 15 ноември и важи до 15 март, а се однесува на секое возило кое учествува во сообраќајот, независно дали е тоа во населено место или надвор од населено место. Исто така, беше потенцирана потребата од прилагодување на зимските услови на патиштата, а во насока на безбедно движење и пристигнување на посакуваната дестинација. На возачите-учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила изработени во соработка со РСБСП.