Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициски службеници од ПСОН Бит Пазар денеска (31.05.) во Основното општинско училиште „Исмаил Кемали“ во Скопје реализира едукативна работилница со учениците од седмо одделение, на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство – булинг и говор на омраза“.
На работилницата присуствуваа и претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје како поддршка во реализација и на други превентивни активности за намалување и надминување на оваа појава помеѓу младите и како поддршка во надградба на капацитетите на полициските службеници кои се активно вклучени во реализација на проектите во основните и средните училишта. .
Инаку, основна цел на едукативните работилници е запознавање и информирање на учениците, а во насока на правилно детектирање и препознавање на овие социо-девијантни појави, заради зголемување на безбедноста и благовремена превенција од сите видови насилства.