31 јануари 2025

„Не користи мобилен телефон додека возиш“, превентивни активности на СВР Тетово

Полициски службеници од СВР Тетово денеска (31.01.) на подрачјето на Тетово реализираа превентивно - едукативни активности од областа на сообраќајот под мотото - „Не користи мобилен телефон додека возиш“.

На повеќе локации, полициските службеници преку непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, пред се возачите, укажуваа на опасноста од користење на мобилен телефон за време на возењето, како и за сериозните последици кои ги предизвикува таквото однесување, а во поглед на безбедноста во сообраќајот.
Исто така, од страна на полициските службеници беше делен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП, а сѐ со цел превенција и заштита од оваа појава и воедно зголемување на свеста и совесноста на учесниците во сообраќајот за стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи во интерес на општата сообраќајна безбедност.