Денеска (30.01.) полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициското одделение Ново Село при СВР Струмица, на подрачје на Ново Село спроведоа превентивни активност во рамки на кампањата „МВР за граѓаните - заедница, доверба и одговорност“. Во непосреден разговор со граѓаните и со делење на летоци, граѓаните беа запознаени со потребата од градење партнерство помеѓу полицијата и заедницата, со цел да се идентификуваат, анализираат и долгорочно да се надминат нивните проблеми.
Исто така денеска, на подрачје на Валандово и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Валандово реализираа превентивни активности на тема „Стави појас“. Полициските службеници во разговор со возачите ги потсетуваа за нивната обврска за задолжително користење заштитен појас во возилата, а воедно им беше укажано и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, а се со цел подигање на свеста кај возачите за безбедно патување.